во

(ВИДЕО) Бурни реакции на видео од балерини: Дали тенката половина е сѐ уште услов за успех?

На социјалната мрежа „Икс“ се појави видео кое веднаш привлече внимание – група балерини демонстрираат како проверуваат дали нивната половина е доволно тенка, поминувајќи низ тесен простор меѓу две дрвени шипки. Со описот „стандард за половината на балерина“, видеото собра неверојатни 9,7 милиони прегледи и предизвика лавина од коментари.

Многу корисници ги споделуваат своите мислења на оваа тема: „Се надевам дека навистина се среќни“, коментира еден корисник, додека други истакнуваат дека ваквите стандарди за телото на балерините се длабоко вкоренети во традицијата на балетот. Концептот на тенка половина долго време се смета за идеал во светот на балетот, што понекогаш ги става изведувачите под притисок да одржуваат екстремно витка фигура.

Како изгледаат “идеалните” пропорции на балерините?

Најчесто, балерините се високи меѓу 160 и 172 см, со тежина која варира од 40 до 58 килограми, зависно од структурата на телото. Како пример, Рут Лујан, поранешна мексиканска балерина, е позната по својот неверојатно тенок обем на половината од само 30 сантиметри.

Но, строгите стандарди не се однесуваат само на тежината. Балерините често следат специфични диети, како на пример Светлана Захарова, која, иако е висока само 158 см и тежи 49 килограми, избегнува сол и јаде минималистички појадок – житарки со вода. Други, како славната Маја Плисечка, одбегнуваа кафе, глутен и дури некои видови овошје и зеленчук.

Ова видео го покрена прашањето дали овие строги стандарди сѐ уште имаат место во модерниот балет, и дали балерините можат да успеат без да се придржуваат кон ваквите екстремни мерки.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

(ВИДЕО) 10 намирници што нутриционистите ги препорачуваат за полесно слабеење

Блажо отворил градежна фирма во Скопје. Изнајмил канцеларија…