На социјалните мрежи се појави неверојатно видео од околината на Сомбор, каде што поплавите предизвикани од Дунав оставија рибарско викенд населено место целосно под вода. Единствениот начин да се пристапи до ова место во Горниот Подунав е со чамец.
Видеото го објави познатиот влогер Радован Ковач, кој се одлучи да го посети ова поплавено подрачје токму кога водата го достигнала својот врв. На снимките се гледаат куќи со прозорци едвај над водата, а лулашките се речиси целосно потопени. Мештаните, кои ги нема многу, седат на скалите и немаат струја.
„Во ова викенд населено место нема електрична енергија, а пристапот е можен само преку чамец. Чуварот живее тука цела година, а во моментот му прават друштво само три кучиња“, стои во описот на видеото објавено на Instagram.
View this post on Instagram
Според информациите, ова е трет пат годинава Дунав да поплави вакво подрачје, но луѓето во овие краишта се веќе навикнати на вакви ситуации, бидејќи секогаш се први на удар од надојдената река.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден