во

Вие бевте многу добри статуи! Луѓето ве сакаат, го разубавувате парков… Ај ќе ве наградам…

Две статуи, маж и жена, стоеле пред некој парк во голем град веќе 50 години. И еден ден се симнува Св. Петар и им вика:

– Вие бевте многу добри статуи! Луѓето ве сакаат, го разубавувате парков… Ај ќе ве наградам, ќе ве оживеам на 30 минути.

Ги допрел Св. Петар статуиве и оп… Веднаш се размрдале, се истресле и… Ни збор не кажале, отрчале во грмушките во близина и се скриле во нив. Св. Петар останал да
ги почека и почнал да слуша офкање и стенкање од кај грмушките… Се подзамислил малку, ама си рекол:

– Ај ќе ги оставам, и тие луѓе се сега, да си останам на зборот.

По 15 минути излегуваат мажов и жената од грмушките и си се враќаат назад! Св. Петар погледнал на часовникот и им вика:

– Не, не… Не се брзајте, имате уште 15 минути! Еве, ако сакате вратете се во грмушките, имате време за уште една тура! Јас ќе ја свртам главата на друга страна!

Жената очигледно израдувана го фаќа мажот за рака, го влече кон грмушките и му вика:

– Одлично! Сега јас ќе го држам гулабот за крилјата, а ТИ СЕРИ МУ НА ГЛАВАТА!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша….

Кај е онаа мојана, цел шаржер потрошив!