во ,

Вила на легендарната глумица на продажба! Од цената ќе ви се заврти во главата

Вила од 18-ти век во Швајцарија, која ѝ припаѓала на култната холивудска глумица Одри Хепберн, сега е понудена на продажба. Цената на оваа импозантна куќа, наречена “La Paisible”, се проценува на 20,8 милиони долари.

Ѕвездата на филмовите “Појадок кај Тифани“, “Празник во Рим”, “Шарада” и “Моја мала госпоѓица”, Одри Хепберн, живеела во оваа вила од 1963 година до нејзината смрт во 1993 година.

Како што пренесува Њујорк пост, само едно семејство живеело во куќата од 10.764 квадратни метри, која се наоѓа на 30 милји од Женева, откако синовите на Хепберн ја продале во 2001.

Откако холивудската дива во неа ги поминала последните 30 години од својот живот, Катарина и Жан-Марк Бужолин тука ги одгледале своите шест деца, а сега, кога децата пораснале и заминале, куќата станала преголема за нив двајца.

Иако имотот со куќата со 12 спални соби и осум бањи е темелно реновиран, легендарните бели ружи на Хепберн, подарок од Живанши, сè уште гордо растат во градината.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хит снимка запали мрежи! Лавица влета во автомобил – туристите не знаеја што ги снајде

Најстарата манекенка на светот има 93 години и филмска животна приказна: Три брака, два банкрота и само една желба – ДА УМРЕ НА ПИСТА