во ,

Виолета Томовска и на 79 години ја зачувува елеганцијата и магијата на сцената

Легендарната македонска пејачка Виолета Томовска, со својот неповторлив вокал и безвременски дух, и на 79 години зрачи со енергија каде и да се појави. Оваа доајенка на македонската музика, родена во Битола во 1945 година, останува симбол на елеганција и талент што не се гасне.

Иако во последно време поретко ја гледаме на сцената, неодамна таа беше гостинка на концерт на Александар и Дац, со кои дели посебна музичка поврзаност. Овој музички тандем, кого Томовска отворено го поддржува, постојано ја изненадува публиката со емотивни и поетични композиции што брзо станаа омилени меѓу слушателите.

На еден од нивните настапи, Виолета емотивно им се обрати: „Ми носите топлина на душата со вашите песни. Вие сте она што му недостасуваше на овој народ, толку романтични, поетични и спонтани… Звучите како евергрин,“ им порача таа на Александар и Дац. Од своја страна, тие изразија огромна благодарност и потврдија дека токму нивната заедничка желба е наскоро да снимаат нешто заедно – нешто што би го воодушевило секој обожавател на македонската музика.

Виолета Томовска е пример за безвременска дама и уметник кој останува инспирација за сите генерации.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Огромен древен град на Маите откриен во мексиканската џунгла со помош на ласерско скенирање

Прва слика од бремената Жизел Бундхен го разбуди интересот на јавноста