во , ,

Вирален Фејсбук статус на келнер од Македонија: „Ми имаат нарачно макијато без млеко, виски со џус“

„Ми нарачаа Траминец црвен, бела Т’га. Џони вокер со 2 ипол коцки мраз. Ама врвот над врвовите беше кога ми нарачаа ЗЕЛКА САЛАТА и МОЕТ“, гласи искрениот статус на келнер од Македонија.

На Фејсбук профилот на скопскиот локал „Custom pub“ споделија статус, првично напишан и објавен на Фејсбук од Фросина Фро.

Таа од својата работа како келнер во Македонија искрено раскажува какви сѐ маки немала од гостите.

За чудните барања и тежината на професијата келнер во Македонија:

„Како келнер ми имаат све и свашта нарачано у животов, од типот виски со џус од портокал, узо со кока кола, еспресо 70%, еКспресо веќе е нормална појава. Ми имаат нарачано каталог место мени, им дадов каталог од Авон.

Ми нарачаа макијато без млеко, џинтоник без џин. Швепс ама зеЉен (мисли на спрајт) Чаша топло млеко со чоколаден прелив у 01ч навечер на коњопој у диско.

Траминец црвен, бела т’га. Џони вокер со 2 и ПОЛ коцки мраз. Ама врвот над врвовите беше коа ми нарачаа ЗЕЛКА САЛАТА и МОЕТ.

Толку треба да се знае за нас како народ. Нека ме дополни некој колега ако има поинтересни искуства. Али да бидеш келнер или шанкер у Мк значи да се разбираш и од психијатрија.“

Инспирирани од статусот многумина се надоврзаа со коментари на двата профила каде што беше објавен статусот:

„Таа: едно Мартини за мене.. Јас: Со шеќер или без? Таа: паа.. средно нека биде. ЧАО!“

„Еднаш толку беше тапа у кафич шо дое еден и ми нарача атмосфера…“

„Превртено макијато (прво млекото па кафето). Ај чао.“

„Топло чоколадо ама ладно, мохито со помалце магдонос.“

„Банана сплит, само без банана.“

Извор

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку долго откако ќе се сварат јајцата смеат да се јадат и дали зелената жолчка е опасна?

Кога станува збор за вежбањето, препорачаните 2,5 часа неделно не се доволни