во ,

Вирална математичка задача ги скара луѓето на интернет: Дали вие знаете кое е решението?

На социјалните мрежи кружи математичка задача која ги скара луѓето на интернет, а корисникот кој ја објавил тврди дека и натаму се мачи со пронаоѓањето на точниот одговор. Математичката задача за човекот кој украл пари од каса во продавница е прегледана повеќе од 50 милиони пати и на многумина им задала главоболка.

Имено, корисникот со име “@NoContextHumans“ ја споделил задачата на „X“, а во објавата покажал со рака напишана задача над која поставил и банкнота од 100 долари.

Задачата гласи: „Човек украл банкнота од 100 долари од каса во продавница. Потоа во таа продавница купил стока во вредност од 70 долари, користејќи ги парите што ги украл и добил 30 долари кусур. Колку пари изгубила продавницата …?“

Задача која ги збунила луѓето

Објавата собрала илјадници коментари од корисниците на „X“, меѓу кои почнала расправија за тоа кој би можел да биде точниот одговор на математичката задача. Меѓу бројните одговори биле понудени износи од 30 па се до 200 долари, а секој нудел свое објаснување.

„Изворните 100 долари, 30-те долари кусур и 70 долари вредност на инвентарот, значи вкупно 200 долари“, напишал еден корисник, додека друг тврди: „30 долари плус велепродажната цена на стоката“.

„Вкупната загуба е 170 долари. Тоа се 2 одвоени трансакции. Едната е загуба од 100 долари. Потоа загуба на производи од 70 долари. 30 долари се дел од првата загуба“, тврди трет корисник.

Меѓутоа, имало и такви кои се двоумеле околу цените на стоката и дали сопственикот на продавницата ја пријавил кражбата во осигурителната компанија. Сепак, како што тоа обично се случува, најпопуларниот и воедно точен одговор е наједноставен.

Кое е решението?

Еден корисник го понудил точниот одговор: „Човекот зема 100 долари од касата. Потоа му ги враќа 100-те долари на сопственикот кога ја плаќа стоката. Но, сопственикот тогаш ја губи стоката во вредност од 70 долари. Сопственикот исто така губи 30 долари кога му враќа кусур на човекот. Стоката во вредност од 70 долари плус 30-те долари кусур се еднакви на 100 долари“.

Многумина се согласиле со него, а еден од нив напишал: „Секој друг одговор освен 100 долари е погрешен. Колку и да е ова едноставна задача, многумина не успеваат да ја решат“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога конечно дојдов во години да се пензионирам, отидов во социјалното…

Ќе може ли да ми ја претскажеш иднината?