Свадбите често се прослави исполнети со весела атмосфера, а кумовите обично се душата на забавата. Но, еден кум од Балканот, наместо да внесе хумор или емоции, стана главна тема на социјалните мрежи со несекојдневен и шокантен потег кој многумина го оценија како непримерен.
Купи Маица❤
На видеото кое се појави на TikTok профилот „vi_kritiks“, се гледа како кумот, во моментот кога младоженецот започнува со сечење на свадбената торта, наместо честитка или шега, одеднаш ја крева ногата и со силен удар ја соборува тортата на подот. Невестата и кумицата биле видно шокирани, додека кумот, горд на своето „дело“, ги кренал рацете во воздух, очигледно сметајќи го својот гест за уникатен.
Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од ваквиот потег, а коментарите не престануваат. Многумина го нарекоа „најголемиот сељак на Балканот“, а други истакнаа дека „ова му требало да биде последно кумство“. Гестот на кумот, кој требаше да биде поддршка и радост за младенците, го претвори моментот во непријатно искуство кое ќе го паметат по сосема погрешни причини.