Постојат љубители на автомобили кои својата страст и приврзаност ја искажуваат преку реставрација на уништените, заборавени примероци. Таквите личности настапуваат на сцена кога некој автомобил е за фрлање или веќе завршил во канта за ѓубре. Намерно споменавме „канта за ѓубре“ бидејќи видеото во продолжение го прикажува талентот и вештината на еден мајстор за реставрација на – играчки! Погледнете со каква преданост овој човек го поправа секој дел од уништениот „Lamborghini Aventador“ и го враќа неговиот стар сјај.