Влав, нерасположен, депресивен, апатичен,
доаѓа кај психолог и се жали на својата состојба.
Психологот го потпрашува, одоколу, директно и на крај му вика:
– Тебе проблем ти е што одамна не си потрошил пари,
оди потроши пари и дојди на контрола за три дена.
После три дена доаѓа истиот пациент, пее, свирка,
подскокнува, весел дури во еуфорија.
Вика: – Докторе, алал да ти е,
и дијагноза ми постави и успешна терапија ми даде!
А докторов го прашува, колку пари потроши?
Пациентот вика: – 12,300 денари
– Браво бе, а што си купи ? го прашува докторот.
– 200 евра Докторе