Влегува жена вознемирена во аптека:
– Дајте ми голема количина арсен!
– Арсен? – зачудено прашува аптекарот.
– Што ќе ви е толку силен отров?
– Мажот ме изневери и сакам да го убијам.
– Жал ми е, но не можам да ви го продадам, дури и ако ве изневерил.
Жената вади фотографија и му ја покажува на аптекарот. На фотографијата нејзиниот маж и жената на аптекарот во компромитирачка ситуација.
– Извинете, госпоѓо. Не знаев дека имате рецепт!