Серхат Топал, возач на трамвај од Коџаели, Турција, имал сосема нормален работен ден, барем накратко.
Денот станал невообичаен кога забележал нешто мало на шините – не на оние по кои возел тој, но желката била загрозена поради трамвајот што може да дојде од другиот правец во секој момент.
Затоа, Серхат не размислувал многу – го запрел трамвајот, излегол од него и тргнал кон желката. Била заглавена и не можела да помине низ оградата, која ја одделува пругата од паркот.
Ја земал и на момент помислил што да прави. Не можел да ја прескокне оградата, бидејќи имала шила, а јасно е дека не можел само да ја остави. Заклучил дека најдобро е да ја остави од другата страна на оградата.
Ја спуштил и ја насочил кон зелената површина и сфатила што треба да прави, па се упатила натаму.
Топал им кажал на патниците што направил и која е причината поради која го запрел трамвајот, а тие биле среќни поради тоа. Неговиот чин го снимила и безбедносната камера, а постапката на возачот го воодушеви светот.
„Сите живи суштества се наши пријатели и треба да им пристапиме со љубов. Секој треба ова да го смета за своја должност. Едноставно ја извршив својата должност“, рекол тој за „Додо“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден