во

ВОЗБУДА и ТАГА: Македонија испушти победа, а емоциите ја преплавија арената „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1:1 против Велс во квалификациите за Светското првенство, во натпревар кој понуди драматична завршница и остави горчлив вкус за домашните навивачи.

Имено, напаѓачот на Џирона, Бојан Миовски, во 91. минута ја доведе Македонија во водство, откако го искористи подарокот од искусниот Џо Ален, кој невнимателно ја врати топката, а Миовски со брза реакција го совлада голманот Дарлоу.

Сепак, радоста на македонската публика беше краткотрајна, бидејќи во последните секунди од натпреварот, во 96. минута, Велс успеа да израмни. Брукс ја искористи лошата поставеност на одбраната на Македонија и со прецизен удар го матираше Столе Димитиревски.

Интересно е да се напомене дека овој гол го прекина импресивниот период на Столе Димитиревски, кој претходно не прими гол на дури шест последователни натпревари, односно 711 минути.

Во текот на натпреварот, Велс имаше поголема контрола на играта и создаде неколку можности, но без посериозна закана по голот на Димитиревски до самиот крај.

Македонија својот прв удар кон голот го упати во 65. минута, кога обидот на Дарко Чурлинов беше одлично одбранет од голманот на Велс, Дарлоу. Претходно, во текот на второто полувреме, по една нафрлена топка од Томас, Џонсон шутираше, но Висар Муслиу интервенираше од гол линијата и спречи погодок.

Со освоени четири бода во овој квалификациски циклус, по претходната победа над Лихтенштајн, Македонија ќе ги продолжи квалификациите во јуни со натпревари против Белгија во Скопје и против Казахстан во Астана.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наум Петрески во Солзи: Венчавката на ќерката засенета од смртта на пријателот Андреј

ЛЕГЕНДАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ИНСПИРИРА: Мајкл Џордан отвори НОВА бесплатна клиника во родниот град!