Волкот и зајакот се запиле во шумата, и таман кога им било најзабавно виделе дека имаат само уште едно шише ракија.
Зајакот рекол:
– Предлагам да си удриме по еден бокс и на кого му паднат помалку заби тој да го земе шишето.
Волкот се согласил. Зајчето собрало сили и го удрил волкот.
Волкот паднал, си ја протресол главата, исплукал во канџите и рекол:
– Сест. Сега е мој лед.
Ја собрал сета сила волкот и го удрил зајакот.
Малиот трипати се превртел во воздух, прелетал преку грмушките и се залепил за стеблото на едно дрво.
Волкот, весело:
– Колку заби?
Зајакот откако исплукал во шепата рекол:
– Цетили.
Волкот пак, нервозно:
– Колку?
– Цетили.
– Зосто само цетили?
– Затоа сто немам повеќе