во ,

Вонземјаните ќе ги пронајде вештачката интелигенција, луѓето се премногу бавни…

Шефот на програмата за вештачка интелигенција на НАСА, Др. Стив Чиен во големото интервју за британските медиуми, објасни како оваа технологија им помага на научниците во потенцијалното пронаоѓање на други живи суштества во вселената.

– НАСА во секој момент добива нови информации во огромни количини. Луѓето не можат да прегледуваат толку многу материјали. Затоа развиваме програми кои за нас ги изолираат сите неправилности што ги бележиме во вселената – започнува Чиен, кој е сосема сигурен дека вештачката интелигенција ќе биде таа што на крајот ќе го открие постоењето на вонземјани…

– Речиси сигурно е така. Целиот процес на прегледување на нови информации е невозможен без вештачка интелигенција. Во текот на една ноќ добиваме 500.000 фотографии кои програмата потоа ни ги избира. Луѓето подоцна можат да прегледаат 50 фотографии кои вештачката интелигенција ги означува како потенцијално важни. Премногу сме бавни да обработуваме огромни количини на податоци. Доколку дојде до откривање на вонземјани, би рекол дека тоа е заеднички подвиг на луѓето и вештачката интелигенција – тврди Чиен, пишува Дејли Стар.

Во последниве години, оваа технологија се користи за интерпретација на различни радио сигнали на чудни фреквенции кои доаѓаат од некаде во вселената.

Иако оние кои се опседнати со вонземјани се сигурни дека ова е обид за контакт, Чиен е скептик.

„Научната заедница не верува во тоа објаснување, но не можеме да ја исклучиме како можност“, рече тој.

Овој научник тврди дека вештачката интелигенција ќе се покаже како клучна штом луѓето, како што веќе подолго време најавуваме, ќе се обидат да колонизираат други планети во нашиот систем. Марс за почеток.

– Животот таму би бил незамислив без употреба на вештачка интелигенција. Мора да и веруваме дека ќе ги реши сите проблеми што ги имаме, за да можеме да се посветиме на примарната цел на ваквите мисии, а тоа е истражување на планетата. Сите поправки и придружни дејствија за нас треба да ги направи UI – вели на крајот Чиен.

Под веста, очекувано, имаше коментари дека вештачката интелигенција на крајот ќе не чини живот…

– Си играме со работи кои не ги разбираме целосно. Никој не ни гарантира како овие програми ќе се свртат против нас – пишува еден загрижен читател.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да му земеш на „Sport Life“ 2,5 милиони со 20 денари

Абе дали знаеш дека вие полицајците сте стварно толку глупи како што велат?