во ,

Во Дубаи „никнува“ најголемото уметничко дело на светот

Досега имавме прилика да видиме голем број необични структури низ целиот свет како „Ren“ во Кина, зградата „Basket“ во САД, „Cybertecture Egg“ во Индија, „Bubble Palace“ во Франција…

Судејќи по сè, и Дубаи веројатно многу скоро ќе се приклучи на оваа листа, ако израелскиот уметник Зиго и неговиот тим успеат да го конструираат облакодерот „Clothespin“ кој засекогаш ќе ја промени неговата панорама. „Clothespin Company“ ќе го трансформира познатото уметничко дело во реалистички проект кој во себе спојува две комплементарни половини, како што можеме да забележиме на обичните штипки за облека.

Како што вели самиот уметник, ова е најголемото парче уметност некогаш креирано и се надева дека иконската кула ќе претставува симбол на љубов, мир и надеж, и дека евентуално ќе стане постојан додаток на панорамата во градот.

Кулата со 40 ката е поделена на два дела, при што едниот игра улога на хотел со дури 1200 префинето декорирани соби. Другата половина ќе содржи 300 луксузни станови, заедно со 10.000 квадратни метри комерцијален простор во форма на трговски центри, галерии на современа уметност, ресторани и многу друго.

Кулата „Clothespin“ ќе биде совршена метафора за идната врска помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Уникатниот проект моментално е во потрага по стратешки партнери со кои ќе се обезбеди земјиштето, градежните права и ќе се започне со изградба во 2023 година.

„Сакаме луѓето да бидат активен дел од проектот, односно од пасивни набљудувачи да станат дел од самата кула, да влезат во неа, да живеат во неа, да поминуваат време во неа и многу повеќе. Замислете како би се чувствувале кога би можеле да стапнете во уметничко дело и да го почувствувате одвнатре, дури и малку да го промените во согласност со вашиот карактер. Кога ќе ја погледнете Бурџ Калифа, чувствувате наплив на сила која се претвора во висина. Кога станува збор за „Clothespin“, чувството на големина е заменето со чувство на интимност и љубов“, вели Зико.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Без печење: Најкремастата чоколадна торта од само 4 неодоливи состојки

„Не би издржал секој“ – Девојка открива како изгледа животот во средновековен германски замок