во , ,

Во Дубаи отворен највисокиот „бескраен“ базен на светот – сцени од кои ќе се импресионирате

Во „Address Beach Resort“ во Дубаи отворен е импресивниот „бескраен“ базен којшто воедно е и највисокиот на светот.

Како што тоа е вообичаено за Дубаи, базенот веднаш ги срушил светските рекорди.

Чувство како да пливате на отворено, под синото небо коешто се протега сè до хоризонтот: тоа во Дубаи може да се оствари на речиси 300 метри надморска висина.

Дека тој е највисок на светот, потврдува и Гинисовата книга на рекорди.

Наречен и „бескраен“ базенот се наоѓа на кров од зграда на новоотвореното одморалиште „Address Beach“.

Базенот со должина од 94,84 метри и 16,5 метри ширина, речиси е двојно подолг од базените со олимписка големина, а панорамскиот поглед на целосно новото „Ain Dubai“ тркало и белиот песок кон плажата е величествен.

„Address Beach Resort“ заедно со „Address Beach Residences“ сместени се на две кули коишто се поврзани во нивната база.

„Skybridge“ во кој се наоѓаат луксузните апартмани го поседуваат највисокиот простор на светот којшто може да го посетите.

Овој комплекс на плажа, познат и како „Jumeirah Gate“ бил отворен во декември 2020 година и е уште еден впечатлив архитектонски додаток во тоа подрачје.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 Фотографии докажуваат дека животот во Јапонија е една сосема поинаква приказна

4 Зачини кои постојано ги користиме, а се вистинска ризница на здравје: Го зајакнуваат имунитетот и срцето