Во преполн автобус стои висок дечко, од едната страна го притиска 20 годишна девојка, а од другата 80 годишна баба.
Дечкото постојано и намигнува на девојката и силно се турка кон неа, но таа неочекувано извикува:
– Манијак!
Сите се вртат кон тројцата и чекаат да видат што ќе се случи.
Дечкото:
– Што си се развикала, пред малку цел ме испофаќа, па уште и манијак ми викаш!
Девојката:
– Што ти е бе ненормален? Нигде не сум те фаќала!
Се погледнуваат двајцата, а потоа погледнуваат кон бабата.
Бабата:
– Што ме зјапате така? Само сакав да се запознаете…