Татковците често не ја имаат истата поврзаност со бебенцата како мајките, па неретко се прашуваат дали прават доволно за нивните дечиња и дали се добри родители.
Артистот Јехуда Ади Девир и неговата сопруга Маја споделија илустрација заедно со искрена порака посветена на сите прекрасни татковци ширум светот.
Прочитајте ја:
Во ред е.
Во ред е кога таа плаче во твоите раце.
Во ред е кога таа ја бара само мајка ѝ.
Во ред е што не можеш да ја заспиеш.
Во ред е кога сè уште не го разбираш твојот статус.
Во ред е што ја немаш таа поврзаност за која сите зборуваат.
Во ред е што сè уште не ја разбираш суштината на твојата работа.
Во ред е ако не можеш да ја насмееш.
Во ред е да си уморен.
Во ред е да си нервозен.
Во ред е ако нештата не успеат за тебе.
Во ред е да побараш прегратка.
Во ред е да споделуваш со партнерот сè низ што поминуваш, дури и ако не изгледа мажествено.
Во ред е тоа што животот ти се промени.
Во ред е што твоите планови се откажаа.
Во ред е што немаш време за ништо.
Во ред е да се чувствуваш слабо.
Во ред е да ти се менува расположението.
Во ред е да се чувствуваш осамено.
Во ред е да побараш помош.
ВО РЕД Е…
Креативниот артист од Тел Авив се прослави со забавните илустрации во кои прикажува ситуации од секојдневието со саканата, а сега и со малата ќеркичка.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден