во

Во Скопје: При изградба на зграда, бетонирана канализација – Фекалиите ќе се враќаат во домовите!

При копање темели, градежници ја оштетија канализационата мрежа, предизвикувајќи потенцијални проблеми за жителите на околните згради.

Додека се изведувале градежни работи за нова зграда во срцето на Скопје, на улицата Мирче Оровчанец, во близина на Универзална сала, дошло до сериозен проблем.

Градежна екипа, при копањето на темелите за поставување на армирано бетонски столбови, познати како шипови, ненамерно ја оштетила главната цевка на фекалната канализација. Неволјата станала уште поголема кога, при процесот на бетонирање, бетонот навлегол и целосно ја затворил оштетената цевка. Сега, отпадните води, односно фекалиите, од соседните згради и куќи немаат каде да течат, што создава реална опасност да се враќаат назад во домовите на граѓаните преку нивните тоалетни шолји.На самото место има екипи од ЈП „Водовод и канализација“ кои интензивно трагаат по начин како да се надмине овој несекојдневен проблем. Според нив, единствено решение е да се пресече постоечката цевка, да се отстрани забетонираниот дел и да се инсталира нова цевка. Дополнителна компликација за екипите на „Водовод“ претставува фактот што над цевката зафекалии е поставена цевка за парно греење, што е спротивно на прописите кои налагаат овие цевки да се постават паралелно.

Реклама

Од Општина Центар е потврдено дека се информирани за овој случај, откако граѓани се обратиле до нив за проблемот со кој се соочуваат. Тие објаснија дека додека трае решавањето на проблемот, поставени се специјални пумпи за испумпување на фекалиите, со цел да се спречи нивно враќање во домовите на граѓаните. ” Во овој случај, нашата надлежност е ограничена, а ЈП ‘Водовод и канализација‘ е главното тело кое интервенира и работи на решавање на проблемот. Штетата и трошоците за интервенција на ‘Водовод’ ќе треба да ги сноси инвеститорот, а јавното претпријатие има право да поднесе тужба поради оштетување на нивната мрежа“, изјавиle од Инспекторатот на Општина Центар.

Инспекторите од Општината исто така имале средба со жителите на улицата и им препорачале да поднесат индивидуални тужби против инвеститорот за претрпената непријатност и потенцијална штета.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Инцидент во струмичка градинка: Дете со трауми по инцидент во градинка во Струмица