Во убав пролетен сончев ден се шетале надвор млад татко со неговото девојче и малото синче бебе што го возеле во количка за бебиња! Поминала една жена и им кажала:
– Леле, што е убаво бебенцето! Како го викате?
– Сонценце наше! – одговорило девојчето пред татко и да одговори
– Ама,така го викаме само дење!
– А, ноќе како го викате? – прашала жената
– Еве го пак врескалото! – одговорило девојчето.