Во школо учителката го прашува Мали Џокица
– Џокица ако ти дадам два зајака, уште два и уште два зајака. Тогаш колку зајци ќе имаш?
Џокица: – Седум
Учителката трпеливо:
– Ајде поинаку да те прашам. Ако ти дадам две крави,
уште две и уште две крави. Тогаш колку крави ќе имаш?
Џокица: – Шест
Учителката целата весела:
– Е сега ако ти дадам два зајака, уште два и уште два зајака.
Тогаш колку зајци ќе имаш?
Џокица: – Седум
Учителката разочарано:
– Не бе Џокица. Како можеш да имаш седум?
Џокица: – Е па така, бидејќи имам еден зајак дома.