ВРАБОТЕНИТЕ во американската вселенска агенција НАСА, кои работеа од дома за време на пандемијата на ковид, по враќањето на работа затекнаа многу лоши работни услови. Имаше бубашваби по подовите, инсекти излегуваа од чешмите, а многумина немаа свое биро.
Илјадници вработени во американските федерални служби, кои работеа од дома поради пандемијата на ковид, се вратија на своите работни места по налог на претседателот Доналд Трамп од 20 јануари. Но, ги затекнаа лоши услови за работа и канцеларии кои не беа подготвени за нивното враќање, пренесе Ројтерс.
Претседателот на синдикатот на вработените во НАСА, Мет Бигс, рече дека во седиштето на агенцијата владее хаос.
„Ако немате биро или компјутер, не можете да ја работите својата работа. Луѓето се многу помалку продуктивни“, рече тој.
Десетина вработени во повеќе федерални служби, кои не сакаа да бидат именувани, за Ројтерс зборуваа за лошите работни услови во кои се вратија, како и за недостатокот на работен простор.
Многу вработени работеа со години од дома по пандемијата. Критичарите на одлуката за нивно враќање на работа истакнуваат дека не е случајно што не се подготвени услови за нивното враќање.
Владини експерти, претставници на федерални синдикати, како и службеници во цивилниот сектор наведуваат дека станува збор за смислен напор да се направат работните услови толку непријатни што вработените сами ќе одлучат да дадат отказ. Администрацијата на Трамп се обидува да ги намали трошоците и работната сила на федералните служби, наведува Ројтерс.
Експертите укажуваат на уште еден аспект на пристапот кон овој проблем кој го имаат Трамп и неговиот советник, милијардерот Илон Маск. А тоа е дека работите се прават набрзина, без вистинско размислување за последиците од низа одлуки.
„Тие така им рекоа на сите да се вратат на работа, без да размислуваат за фактот дека немаат доволно простор да ги сместат“, укажа професорката по социјална политика на Универзитетот во Мичиген, Пем Херд.
Во пракса тоа изгледа така што во многу федерални агенции се води борба за работни бироа и столици. Па некои од вработените во Службата за државјанство и имиграција го споредија ловот на бироа во некои регионални подружници со популарната серија „Игри на гладта“.
Американската администрација за храна и лекови (ФДА) оваа недела го извести својот персонал дека не може да гарантира бироа или паркинг места за околу 18.000 вработени кои треба да се вратат во канцелариите.
Министерството за владина ефикасност на Маск засега не се огласи по повод овие наводи.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден