Септември, случка во село…
Врне и селото изгледа напуштено. Времето е тешко. Сите жители се во долгови и живеат на кредит.
Одеднаш се појавува богат турист кој влегува во единствениот хотел во селото. Става банкнота од 100 евра на пултот и оди на првиот кат да најде соба.
Сопственикот на хотелот ги зема 100-те евра и трча кај месарот да си го плати долгот. Месарот ги зема 100-те евра и веднаш оди кај свињарот да си го плати долгот.
Тој за возврат трча кај закуподавачот и го отплаќа својот долг.
Закуподавачот брза кај единствената проститутка во селото која поради кризата ги нуди услугите на кредит и и го плаќа долгот. Проститутката брза во хотелот и му ја плаќа киријата на собата на хотелиерот.
Хотелиерот ги враќа 100-те евра на шалтер. Во тој момент слегува богатиот турист, ги зема 100-те евра од шалтер затоа што не е задоволен од собата.
Никој ништо не заработи, ништо не се смени, но целото село се ослободи од долгови… Светската економија сведена на основно.
Дали треба за ова да одите на факултет со години?!