во ,

„Ги гледав како умираат“: Исповед на младиот херој од Кочани, Јован Костадинов

„Херојството не познава години“ – 19-годишниот Јован од Виница стана симбол на храброст по пожарот во Кочани, спасувајќи многу млади животи и сведочејќи на ужасни сцени.

„Ги гледаш другарите како умираат во раце.. Се огласи Јован Костадинов, херојот од Виница

Храброста не зависи од возраста. Таа се мери со срце и човечност.

Јован Костадинов има 19 години и е од Виница. Тој стана херој преку ноќ. За време на пожарот во Кочани, без да размисли, влегол во огнот. Успеал да спаси околу 20
деца.

Неговото срце беше полно со храброст. Тој не мислел на себе. Мислел на оние кои имале потреба од помош.

Тој за 24 Инфо изјави дека е во добра здравствена состојба. Сѐ уште е во болница во Скопје. Се надева дека за неколку дена ќе биде пуштен дома.

За истиот портал раскажа дека она што го видел не може да се опише со зборови. Ќе му треба време за да зборува за целата трагедија.

„Ги гледаш другарите и другарките како умираат во раце, а не можеш ништо да направиш, ги вадиш само од чадот…“, рекол Јован за 24 Инфо.

На социјалните мрежи веќе има иницијатива да биде одликуван од државата за неговиот херојски чин. Јован ѝ го спасил детето и на Јадранка Бреслиева.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добра вест од Солун: Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, се опоравува по операцијата

Македонски репрезентативец повреден во пожарот во Кочани