Во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово синоќа изби пожар, кој брзо се прошири и предизвика огромна материјална штета. Според командирот на Територијалната противпожарна единица Берово, Сашко Руменовски, пожарот започнал во кујнскиот дел, најверојатно поради неисправност на грилот.
Интервенцијата била координирана и со поддршка од противпожарни екипи од Берово, Виница, Кочани, Струмица и доброволното друштво од Пехчево. Вкупно 15 пожарникари и четири противпожарни возила биле ангажирани за локализирање на пожарот и спречување на неговото ширење кон останатите делови на хотелот. Благодарение на брзата акција, огнот бил ограничен на летната тераса, а собите и блискиот манастир останале незасегнати.
Пожарникарски екипи останаа на местото во текот на ноќта за дополнителен надзор, додека се очекува повеќе информации за прецизната причина и проценка на материјалната штета.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден