Нови Сад е зафатен од немири откако протест на опозициски приврзаници излезе од контрола, со серија насилни сцени што кулминираа со пожар во историската Градска куќа. Овој архитектонски и културен споменик од 1895 година, кој е една од најзначајните згради во градот, сега е под закана додека пожарот се шири низ неговата внатрешност.
— Pluton (@Pluton45873221) November 5, 2024
Според локалните медиуми, демонстрантите разбија прозорци и ги нападнаа влезните врати на објектот, а во еден момент беше фрлена запалена бакла, која предизвика пожар во внатрешноста. Полицијата се обиде да интервенира, додека одекнуваа експлозивни звуци и беа фрлени солзавци, што дополнително ја влоши ситуацијата.
Освен директните напади врз Градската куќа, демонстрантите извршиле и други акти на вандализам врз оваа историска зграда, вклучувајќи фрлање црвена боја и фекалии. Видеа на социјалните мрежи покажуваат како учесниците уништуваат национални симболи и ја газат српската тробојка, што предизвика дополнителен гнев и реакции меѓу јавноста.
Во немирите е пријавено и повредување на граѓани; една жена која се нашла блиску до настаните била удрена со камен, а и други случајни минувачи биле попречени. Сведоштво застрашувачки ја опишува сцената кога мајка со две деца молела да и биде дозволено да замине, но демонстрантите не и овозможиле да помине.
— Pluton (@Pluton45873221) November 5, 2024
Ситуацијата ескалира додека полицијата се обидува да воспостави ред, но протестот и понатаму продолжува со голема тензија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи со осуда на настаните, опишувајќи ги како напад врз националните симболи и земјата.
Оваа криза во Нови Сад продолжува да предизвикува реакции, а јавноста го следи развојот на настаните со загриженост.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден