во

Гоца Тржан открива: Совршениот однос трае само 12 минути!

Популарната пејачка Гоца Тржан, која е позната по својата директност и отвореност, често зборува за теми кои многумина ги избегнуваат. Овој пат, таа реши да го сподели своето мислење за интимните односи и да открие колку долго, според неа, трае совршениот однос.

Во едно од нејзините интервјуа, Гоца првпат го открила времетраењето кое го смета за идеално за интимен однос. „Совршениот однос трае 12 минути“, изјавила таа со самоувереност. Овој коментар привлече големо внимание, а неодамна Гоца повторно се осврна на својата изјава, овој пат со доза на хумор.

„И тоа е предолго“, се пошегува Гоца, објаснувајќи дека нејзиниот став е заснован на научни истражувања, а не на лично искуство. „Ова не го измислив јас, туку го прочитав во некои научни списанија. Тоа се факти од истражувања на сексолози. Во тие 12 минути треба да се случи сè што е потребно. Не треба да го малтретираш мажот да издржи бескрајно долго, ниту ти самата да се измориш со разни акробации. Тоа време е сосема доволно за сè да биде како што треба“, објасни Гоца низ смеа, и веднаш додаде: „Да се разбереме, не го мерев јас времето, туку само го прочитав тоа!“

Нејзиниот хумористичен пристап ја направи темата уште поинтересна за јавноста, но Гоца сериозно истакна дека интимните теми не треба да бидат табу. Таа смета дека е многу важно да се зборува за овие прашања, бидејќи тие се дел од нашето секојдневие и влијаат на здравјето на врските.

Гоца неколкупати досега зборувала за важноста на отворените разговори за интимноста, посочувајќи дека тоа не треба да биде срамежлива тема. „Големината не е важна ако партнерот знае што прави“, искрено изјави таа, осврнувајќи се на нејзините лични искуства. Пејачката додаде дека, кога била помлада, експериментирала и имала интимни односи на разни места, но денес се чувствува најопуштено во својата спална соба.

„И покрај тоа што денес луѓето сè уште се згрозуваат кога некој ќе почне отворено да зборува за сексот, мислам дека ова е многу важна тема за сите нас како општество. Родителите треба да зборуваат со своите деца за сексот, за да се избегнат ситуации кои можат да бидат далеку потешки за справување во иднина“, изјави Гоца Тржан.

Со своите искрени и директни ставови, Гоца продолжува да ги руши табуата поврзани со интимноста и сексуалното здравје, охрабрувајќи ги луѓето да бидат поотворени во своите врски и комуникација.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секој стан во Југославија од 80-тите имал еден невообичаен детал: Дали го забележавте?

Кејт го остава Вилијам поради афера со маж, разводот неизбежен?