во

Гоце Седлоски се враќа во Вардар како четврти тренер сезонава

Вардар, најтрофејниот македонски фудбалски клуб, го назначи Гоце Седлоски за нов тренер, во обид да го спаси тимот од тешката позиција на табелата. По неодамнешниот пораз од Пелистер во Дербито на Македонија, досегашниот тренер Срѓан Захариевски го раскина договорот со клубот. Седлоски е четвртиот тренер кој ќе го предводи Вардар оваа сезона, по Горазд Михаилов, Горан Петрески и Захариевски, и го презема тимот по 13 одиграни кола.

Седлоски не е ново име за Вардар – во периодот од 2015 до 2017, успеа да ја освои титулата во Првата лига двапати. Но, за разлика од тогаш, кога имаше силен тим и стабилен буџет, сега го очекува значително потежок предизвик. Вардар се наоѓа на последното место и се соочува со серија проблеми на теренот.

Првиот тест за Седлоски ќе биде дерби натпреварот против Шкупи оваа сабота. По него, репрезентативната пауза ќе му даде време за анализи и подготовки, а можеби и за некоја пријателска средба со цел подобро да го запознае тимот.

Седлоски последен пат беше активен како тренер на Работнички минатата сезона, каде што кратко ги водеше „Романтичарите“ на 11 натпревари.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мал трик за пешачење може значително да го забрза слабеењето

Исповед на вдовица која се омажила за свекорот: „Се случија непланирани емоции, но ми беше важно да ги заштитам децата“