Одлично зачуваните стари градби кои сведочат за богатото минато, неретко се причината за посета на одредени дестинации на Стариот континент.
Со исклучително богато наследство, како во историска така и во културна смисла, Европа има толку многу работи да им понуди на туристите кои сакаат да посетат нешто поразлично од вообичаено.
Некои од предложените дестинации се добро познати додека пак има и такви кои и натаму не се погодени од масовниот туризам, па се уште поинтересни за истражување.
Сан Џимињано
Познат по речиси нереалните пејзажи, италијанскиот регион Тоскана со причина неретко се вбројува меѓу најубавите предели во цела Европа.
Дубровник
Не само што се смета за еден од најубавите хрватски градови туку Дубровник неретко е окарактеризиран и како бисер на целиот Јадран. Средновековните тврдини по кои градот е надалеку познат, изградени се во текот на средниот век и денес се еден од симболите на Дубровник.
Талин
Без оглед на не толку убавите историски околности кои го снашле, естонскиот град Талин важи за исклучително интересен за посета, особено за туристите кои се љубители на дестинациите богати со историско и културно наследство. Овој град се наоѓа и на листата на УНЕСКО.
Бриж
Неретко овој белгиски град го нарекуваат „мала Венеција на северот“, па поради тоа не треба да ве чуди што се сместува во групата најубави градови на Стариот континент. Тој е одлично сочуван во она старо руво и зградите кои настанале во периодот на средниот век се неговото основно обележје.
Сан Марино
Една од најмалите држави во целиот свет, Сан Марино се наоѓа недалеку од италијанското летувалиште Римини и често се карактеризира како вистински музеј на отворено.
Мотовун
На триста метри надморска височина на подрачјето на Истра се наоѓа Мотовун, гратчето со помалку од илјада жители кое е сместено на листата најдобри дестинации за меден месец на европското тло.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден