во , ,

“Дадов 10.000 евра за ОПЕРАЦИЈА НА НОС”: Пластичен хирург направи РЕМЕК ДЕЛО, луѓето гледаат слики ПРЕД И ПОТОА и не веруваат

Девин Ејкен не е класична инфлуенсерка. Таа не следи модни трендови, не рекламира најнова шминка, не се јавува од ексклузивни дестинации… Уште повеќе, таа е правник, а нејзината инфлуенсерска специјалност е – пластична хирургија. Неодамна потроши 11.000 долари за операција на нос, но не жали ни цент, бидејќи луѓето почнаа поинаку да ја третираат откако отиде “под нож”.

Во ноември 2024 година, нејзиниот живот од корен се промени. Девин Ејкен (30), помошник правник од Филаделфија и инфлуенсерка на TikTok, тогаш се одлучи на голем чекор – ринопластика, незадоволна од изгледот на својот нос. Не мислеше дека е грда, напротив. Како што вели, многу е самоуверена личност, сигурна во себе, но сакаше да коригира дел од лицето кој го сметаше за преголем.

Цел живот го мразела носот, бидејќи ѝ пречел. Тој проблем беше посебно изразен во текот на тинејџерските години, кога комплексите по дифолт растат, често и без никаква потреба. Меѓутоа, Девин вели дека врсниците ја малтретирале и ја нарекувале со погрдни имиња, како што е “Тукан”, и слични.

Кога наполни 18 години отиде кај пластичен хирург, чисто да се консултира. Операцијата беше скапа, немаше доволно пари, а нејзиното осигурување не покриваше таков зафат.

Минатиот ноември конечно отиде “под нож”. Доктор Марк Гинзбург ѝ ја исполни желбата – грпката на средината исчезна, ноздрите се намалени, обликот е променет… Заедно со носот, и лицето доби поинакви контури. Веќе нема грди коментари на социјалните мрежи, напротив. Ги заменија комплименти.

Отокот беше видлив уште два месеци по операцијата. Како што ја предупреди докторот, ќе поминат барем година дена додека сè не “легне” на свое место. Но, веќе се исплатеше секој цент од интервенцијата за која издвои 11.000 долари.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Не е злато сè што сјае: Вистината за брзата мода – Зошто е толку штетна за вас, за општеството и за планетата?

Речиси секој жител на овој грчки остров ДОЖИВУВА СТОТА ГОДИНА И НЕ Е ДЕМЕНТЕН: Тврдат дека тајната е во 4 БИЛКИ кои редовно ги користат, а кои растат и во Македонија