во , ,

Дали е ОПАСНО ДА СЕ КОРИСТИ ОМЕКНУВАЧ кога се пере облека за бебиња: На една работа мора посебно да внимавате, а ако не сте сигурни – направете го овој тест

Сите сакаме најдобро за нашите малечки, а кога во семејството ќе пристигне бебе, секој ден морате да впивате многу нови информации. Ако се нахранети, чисти и среќни, тогаш веќе работите одлична работа. Но, постојат некои секојдневни работи кои можат да бидат опасни за вашето дете, а кои можеби ги правите автоматски. Една од нив е и перењето алишта.

Дали сте знаеле дека никогаш не би требало да користите омекнувач при перење на облека за вашето бебе? Сигурно сте забележале колку е кожата на бебето исклучително мека, нежна, но и чувствителна, поради што е често подложна на иритации и осипи. Самозаштитните механизми, кои постојат на кожата на возрасните, не се толку развиени кај младата кожа, па кожата на бебињата и децата бара посебна нега. Токму поради тоа треба да бидете многу внимателни кога станува збор за правилно третирање на детската облека. Еве на што треба да обрнете внимание кога е во прашање перењето алишта.

Дејан Димитров, стручњак за перење алишта, објасни зошто никогаш не би требало да користите омекнувач кога перете облека за вашите бебиња.

“Омекнувачот понекогаш може да ја надразни чувствителната кожа на бебињата, но што е уште поважно, може драматично да ја намали отпорноста на пламен на детската облека”, рече стручњакот, пренесува MissMama.

Имено, омекнувачите содржат емулгатори и алкохолни етоксилати, кои се запаливи. Детската облека обично се обработува со хемикалии отпорни на пламен од безбедносни причини, што значи дека употребата на омекнувачи може да ја намали нивната ефикасност. Димитров поради тоа ги советува родителите да избегнуваат користење омекнувачи при перење облека за бебиња и деца, особено кога се во прашање материјали како што се фротир, кадифе или облека која е означена како отпорна на пламен, пренесува Daily star.

Што да користите наместо омекнувач?

Ако перете облека третирана со хемикалии отпорни на пламен, но сакате да ја задржите нејзината мекост, постојат одредени чекори кои ќе ја заменат употребата на омекнувач.

За почеток, најдобро е да користите програма за перење на осетлива облека бидејќи тогаш центрифугата е значително помала и нема целосно да ја исуши облеката, што значи дека облеката нема да стане груба. Исто така, облеката перете ја на ниска температура со благ небиолошки детергент. Тој делува добро на температури од 20 степени, така што е идеален за постудено перење. Сушете ја облеката природно и избегнувајте користење машина за сушење алишта.

Облеката отпорна на пламен исто така бара посебно внимание. Со проверка на ознаката на облеката можете да утврдите дали е таа третирана со хемикалии отпорни на пламен. Ако е, никогаш не перете на температури повисоки од 50 степени. Исто така, никогаш немојте да ја потопувате облеката бидејќи тоа може да предизвика распаѓање на хемикалиите отпорни на пламен. Стручњаците предупредуваат дека со сето тоа не користите белило на облека отпорна на пламен бидејќи тоа исто така може да предизвика разградување на хемикалиите отпорни на пламен.

Како се пере облека за бебиња?

Многу родители се загрижени и се прашуваат дали нормален детергент или прашок за перење ќе биде “преагресивен” за нежната кожа на нивното дете. Предлагаме да направите тест. Во машина со вашите алишта, ставете два или три парчиња бебешка облека. Ако бебето не реагира по носењето на облеката, слободно можете да ја перете бебешката облека со детергент кој и вие го користите и нема потреба од купување поблаг детергент.

Исто така, повеќе користете течен детергент од прашкаст бидејќи подобро се испира, посебно при плакнење со “тврда” вода. “Ако вашето дете нема алергии или многу чувствителна кожа, без оглед на годините, можете да користите обичен детергент”, вели Мери Спракер, педијатар дерматолог на Универзитетот “Емори”.

Кај чувствителна кожа избегнувајте омекнувач

“Не е толку битно кој детергент се користи, но секако е важно алиштата добро да се исплакнат. Кај деца кои имаат чувствителна кожа, можете да ја наместите машината и на две плакнења.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Памела, нашминкај се, личиш на бабичка на 57 години!”: Памела Андерсон во бело и без грам шминка – триумф или катастрофа?