во

Дарко Лазиќ доби ќерка: Сопругата Катарина го роди девојчето Срна

Фолк пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина ја прославуваат радоста на родителството со раѓањето на нивната ќерка, која доби убавото име Срна.

Според српски „Блиц“, породувањето поминало без никакви компликации, и мајката и бебето се во одлична состојба. Катарина била активна во текот на целата бременост, честопати придружувајќи го Лазиќ на неговите настапи. Само четири дена пред породувањето, таа беше со него на концерт, каде што двајцата на шега изјавија дека може да се случи да се породи во кафеана.

“Со нас имавме подготвени работи за болница, за секој случај. Па, ако треба на бина да се породи, немам ништо против – животот ми е врзан за кафеани,” се пошегува Лазиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Lazić (@katarinalazic_24)

Дарко од претходните врски има уште две деца, ќерката Лорена од бракот со Ана Севиќ и синот Алексеј од свршувачката со Марина Гагиќ, додека Срна е прво дете на Катарина.

Инаку, парот минатата година се венча во црквата „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Брестач, каде го изговорија судбоносното „да“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Момче (7) загина во поплавите во Америка, неговите последни зборови КИНАТ ДУША

“Брат ми го носеше водата, се фаќаше за дрвја за да преживее” – Тажно сведоштво на Алмира, низ солзи откри што се случувало во ноќта на катастрофата (ФОТО)