во ,

Дарко со потресно сведоштво по трагедијата во Кочани: „Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, ќе крвари во мене до крајот на животот“

Дарко, кој беше еден од преживеаните во трагичната несреќа во Кочани, се врати од лекувањето во Белград и првпат јавно се огласи со потресна и искрена порака. По неговото враќање во Македонија, тој ги сподели своите чувства и длабоката тага која останува по страшниот настан.

„Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, ќе крвари во мене до крајот на животот,“ изјави Дарко во својот емотивен коментар. Тој истакна дека иако физичките повреди полека заздравуваат, душевната болка останува и никогаш нема целосно да исчезне.

Дарко беше на лекување во Белград, каде лекарите успеале да му помогнат физички да закрепне, но тој вели дека психолошката траума е нешто со кое ќе се справува засекогаш. Во својата изјава упати и огромна благодарност до лекарите и медицинскиот персонал во Србија кои му пружиле максимална грижа и поддршка во овие тешки моменти.

„Секој ден е тежок, секој момент ми се враќаат спомените и болката. Тоа е нешто што ќе го носам во себе секогаш. Благодарен сум за поддршката, но свесен сум дека мојот живот веќе никогаш нема да биде ист,“ додаде Дарко.

Оваа негова искрена порака предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде луѓето ја изразија својата солидарност, сочувство и поддршка за Дарко и сите други кои ја преживеале оваа трагедија. Неговата приказна е уште едно болно потсетување за длабоките и трајни последици што несреќите ги оставаат врз животите на луѓето.

Еве ја неговата објава во целост:

Драги пријатели, познаници и непознаници.

МИЛИ МОИ УЧЕНИЦИ ПРЕМНОГУ МИ НЕДОСТАСУВАТЕ, НО ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НАСКОРО. МОЈ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА СОЛИДАРНОСТА, ЕМПАТИЈАТА И ХРАБРОСТА КОЈА ЈА ДОБИВАМ.
Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро.

Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Klinički centar Srbije. Моите деца сеуште имаат татко благодарение на докторите, и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Легендарниот српски шоумен Зоран Кесиќ со трогателна порака за Македонија по трагедијата во Кочани

НЕЗАБОРАВЕН ХЕРОЈ: Младиот Ице го жртвуваше животот за да спаси други!