во ,

Да е вечен низ бесконечноста Андреј…“: Раде Врчаковски со емотивна посвета за трагично починатиот Андреј од ДНК

По трагичната загуба на Андреј, близок соработник и пријател на музичкото дуо ДНК, македонскиот музичар и рапер Раде Врчаковски на својот социјален профил објави трогателна порака посветена на него.

Во својата објава, Врчаковски се присети на моментите со Андреј и Панчо, нивната поддршка и заедничките настапи.

Македонската музичка сцена повторно е завиена во црно по ненадејната загуба на Андреј, долгогодишен пријател и соработник на Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Покрај бројните пораки за сочувство од колеги и пријатели, своја емотивна посвета сподели и раперот Раде Врчаковски, кој се присети на нивните заеднички мигови и на поддршката што ја добивал од Андреј и Панчо.

Купи Маица

„Јас и Андреј (на првиот мој настап 2025). Да е вечен низ бесконечноста Андреј…“ – напиша Врчаковски на почетокот на својата објава, изразувајќи ја својата длабока тага.

Тој откри дека Андреј и Панчо постојано го молеле да почне повторно да настапува. „Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велат DNK кога имале настапи сите луѓе цело време ме барале – дури и со солзи и плачења“, напиша Врчаковски, додавајќи дека тој првично бил резервиран поради неговите планови да замине за Америка. „Јас им велев да завршам со се за во Америка и може нешто да направиме.“

Сепак, пријателството и упорноста на Андреј и Панчо го убедиле да се врати на сцената за неколку специјални настапи. „Неможев да го одбијам Владимир и настапив на неговиот роденден лани со DNK во Охрид, неможев да ги одбијам и за новогодишната прослава, и неможев како другар да ги одбијам за затварање на Станица 26 каде Панчо работел“, се присети Врчаковски. Тој со емоција ги нарече овие настапи „моите последни настапи со Андреј“.

Врчаковски ја заврши својата посвета со силни зборови за неговиот пријател: „Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас…“

Објавата на Раде Врчаковски е уште еден доказ за големата загуба што ја претрпе македонската музичка заедница со заминувањето на Андреј, кој беше ценет и сакан од многумина. Неговата посветеност и пријателство оставија длабока трага кај сите што го познаваа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Војната никогаш не била поблиску до Европа: Катастрофално сценарио ако Путин тргне во акција

Европа во карантин? Вирус ја затвора границата меѓу Унгарија, Австрија и Словачка, се стравува од „биолошки напад“