Македонската актерка и водителка Весна Петрушевска сподели трогателна посвета на својот Instagram профил по повод 20-тиот роденден на својата ќерка Мина, која сега живее и работи во Дубаи. Со емоции и носталгија, таа се присети на првите моменти заедно и на уникатната врска што ја имаат.
„Мина имаше 9 месеци и 3,5 килограми – буквално кукла на батерии, порцеланска,“ напиша Весна. Таа ја опиша нивната заедничка животна приказна како „три животи во еден“, а роденденот на Мина за неа претставуваше горд момент и време на благодарност. „Да те немаше, пак ќе те пронајдев и пак ќе беше моја ќерка,“ додаде таа.
Во Дубаи, Мина живее со Моника, која Петрушевска ја прифати како свое трето дете, заедно со синот Кирил. И покрај растојанието, Весна ја истакна својата поддршка и желби за среќен и успешен живот за Мина.
Со зборовите „ние, родителите, сме лакот, а децата стрелата“, Весна изрази гордост што ѝ дала на Мина сила и поддршка за да ги следи своите соништа и да ја гради својата иднина далеку од дома.