Двајца крупиеа стојат во коцкарница покрај масата со коцки.
Се појавила атрактивна плавуша, ставила 20.000 долари на еден број и рекла:
– Се надевам дека нема да имате ништо против, но имам повеќе среќа кога сум потполно гола!
Плавушата соблекла се од себе, ги зела коцките и викнала:
– Ајде коцки мои мили, на мама и требаат нови алишта и штикли!
Кога застанале коцките плавушата скокала од среќа:
– Јеееееиј, добив, добив, добив!
Ги изгушкала крупиеата, ја зела добивката и облеката и си заминала.
Крупиеата подзинати се гледале меѓу себе.
После некое време едниот го прашува другиот:
– А, на колку и паднаа коцките бе?
– Појма немам, мислев ти гледаш!