Се прослави со својот уникатен изглед налик на куќичките од бајките, а околната природа која што долината ја прават да изгледа многу зелена, планините и жуборот на реката само го прават повпечатливо и похармонично.
Доколку патот ве носи од Темишвар кон Брашов или Букурешт, тогаш треба да направите пауза во местото Castelul de Lut Valea Zanelor – нема да зажалите.
Неговото име во превод значи „Дворец од глина во Долината на вилите“.
Станува збор за еко-село и мал дворец кој што е сместен во романската долина во познатиот регион Трансилванија недалеку од реката. Еднаш кога ќе ги видите фотографиите оттаму, нема никогаш да ги заборавите.
Изграден е од глина и песок, а со својот облик потсетува на куќичките од хобитите или пак на оние кои што ги гледаме во бајките.
Иако изгледа како спомен од минатото, сепак неговата историја не е долга. Имено, него го основало романско семејство кое што било презаситено од градскиот метеж.
Инспирација пронашле во своето сопственио дете, но исто така и во прекрасната природа која што го обиколува тоа место. Сè започнало во 2015-та година, а тајната на издигнувањето на дворецот ја чуваат за себе.
Дворецот има приземје и прв кат, десет соби, две кули и дури 50 прозорци.
Надворешниот дел е преуреден во тераса на која што се послужува храна, а во близина се наоѓаат и неколку продавници за сувенири.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден