во ,

Девојка направила експеримент и одлучила да не се шминка 7 дена

„На првиот ден од експериментот се сретнав со мајка ми и таа првото што ме праша беше: „Каде ти се веѓите?“, потоа пријателката ме праша дали сум болна, но партнерот…’, раскажува Јулија за својот експеримент да не се шминка 7 дена.

За многу жени утрото започнува со нанесување шминка на лицето. Повеќето жени едноставно сакаат шминка и сакаат со нејзина помош да ја истакнуваат убавината на своето лице.

Но, новинарка по име Јулија за порталот Bright Side одлучи да направи експеримент.

Таа раскажува за нејзиниот експеримент:

„Се шминкам уште од средно училиште и нема шанси да излезам од дома без шминка на лицето. Кога немам шминка се чувствувам чудно и можеби експериментов беше токму поради тоа – да се обидам да се сакам себеси таква каква што сум, вистинската јас.

Инаку, мојата секојдневна рутина со шминката вклучува пудра, сенки за очи, ајлајнер, маскара, па дури и фиксатор за шминка. Исто така користам и руменило и силни кармини, особено за вечерните пригоди.

Сето ова си забранив да го ставам на лицето во наредните 7 дена.

На почетокот од експриментот се прашував „Каде отидоа моите веѓи?“, не бев навикната да ги гледам така бледи.

Инаку, не можам да кажам дека имам лоша кожа. Се разбира, имам мали несовршености како црвенило на образите, тенка кожа под очите, но генерално ништо катастрофално. Но, проблемот е што изгледам како да немам веѓи.

Тие се многу светли и тенки и на места не се видливи. На почетокот помислив да ги исцртам барем малку со моливче, но се потсетив дека реков дека воопшто нема да ставам шминка.

На првиот ден од експериментот се сретнав со мајка ми и таа првото што ме праша беше: „Каде ти се веѓите?“, а потоа праша зошто не сум ги нашминкала очите. Ѝ кажав за експериментот и ѝ се пожалив дека без шминка се чувствувам како без облека. Таа слатко се насмеа и се обложи со мене дека нема да издржам ниту до вториот ден.

Неколку дена подоцна се сретнав со една пријателка за да одиме на кафе. Ме зјапаше чудно долго време, а потоа се одлучи да ме праша дали сум болна. Морав да ѝ кажам за експериментот и истовремено да ја убедам дека сум совршено здрава.

Инаку, позитивна страна на експериментот е тоа што можев да се почешам за око и да не се грижам дека ќе се размачкам. Исто така, можев да си го допрам образот без страв дека ќе ја размачкам пудрата или дека таа ќе ми остане под ноктите. Плус при пробување на облека во бутици не бев под стрес случајно да не ги извалкам парчињата што ги пробувам.

Кратко кажано – животот ми стана полесен.

Најдолго ја чекав реакцијата од моето момче. Се разбира, ме има видено без шминка, но само дома. Се прашував што ќе каже, но не кажа ништо.

Така еден ден додека седевме во кафуле го прашав дали забележува нешто чудно на мене. Тој изненадено ме гледаше, па не знам, можеби веѓите ти се посветли од обично… Потоа дојдов до заклучок дека нашите партнери не се грижат воопшто дали ние носиме шминка или не.

Кој е резултатот?

За време на овие 7 дена дефинитивно почувствував олеснувања од типот на тоа дека слободно можам да си го почешам окото и дека пудрата не ми останува на телефонот по разговорот, ниту дека морам да ја освежувам шминката во текот на денот.

Но, имаше само еден минус, за мене многу значаен. Кога сум ненашминкана себеси си изгледам многу бледа. Природата не ме наградила со убав тен, впечатливи усни и темни веѓи и без шминка како целото лице да ми се спојува во една невпечатлива целина.

По 7 дена одлучив дека доволно ми беше од експериментот и дека ми недостига мојата дневна рутина и сакав повторно да се препознаам старата јас во огледалото.

Прво ги исцртав веѓите, ја погледнав мојата рефлексија во огледалото и однеднаш сфатив дека си се допаѓам секако. Малку нагласените веѓи на моето лице му го дадоа акцентот што му недостигаше.

Си помислив дека не ми е потребна ниту пудра и дека така можам да излезам и на кафе.

Се разбира, не престанав да сакам шминка, но сега разбирам дека понекогаш можам да излезам и без шминка, или со сосема малку, и ништо лошо нема да се случи.

Па, девојки како се чувствувате вие во врска со шминкањето? Дали ставате шминка секојдневно или повеќе ја сакате вашата природна убавина?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Логиката и е малку слаба: На никој не му е јасно зошто мачката одлучи да дојде до топката на потешкиот начин (ВИДЕО)

Епа Трпе, кажувај каде е виното?