Бројни студии низ годините се занимаваа со темата дали треба да го делите вашиот кревет со домашните миленици.
Повеќето покажаа дека тогаш луѓето се чувствуваат безбедно и сакано, а истото важи и за кучињата кои во тој случај се под помал стрес. На луѓето, спиењето заедно со домашните миленици им помага во намалување на депресијата и чувството на осаменост.
Неодамнешното истражување објавено во весникот „Mayo Clinic Proceedings“ покажало дека дозволувањето на вашето куче да спие во вашата соба или кревет не го нарушува квалитетот на сонот, додека на милениците им обезбедува подобар сон.
Студијата била спроведена помеѓу 40 возрасни лица, воглавно средовечни жени, кои спиеле со своите кучиња, без разлика дали во иста соба или во кревет. И луѓето и кучињата носеле уреди за следење на движењата, а резултатите покажале дека на некои сопственици спиењето со животните им било пријатно и го намалило нивото на стрес.
„Под услов сите добро да спијат, делењето на креветот може да биде многу корисно“, вели водечката авторка на студијата, д-р Лоис Кран.
Таа тврди дека мачката која преде и добро одгледаното куче можат да делуваат релаксирачки кај сопственикот и да придонесат за квалитетен сон.
Но, треба да се напомене дека на возрасните луѓе им се потребни 7 до 9 часа сон, а на кучињата од 12 до 14. Ако одлучите да го делите креветот со своето куче, придржувајте се до распоредот за вакцинирање и редовно капете го и четкајте го.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден