во ,

„Децата изгореа во песната“: Емотивната објава на Пере од Нокаут на неговиот роденден

Никола Перевски Пере, познатиот вокал на групата Нокаут, денеска (24 март) го одбележува својот роденден. Сепак, тој вели дека во овие тешки моменти не чувствува ниту желба за славење, ниту за броење на годините. Трагедијата во Кочани, каде изгореа млади животи и музичари, остави длабока трага врз него.

Пере својата емотивна состојба ја изрази преку објава на социјалните мрежи. Тој напиша дека ова не е обична објава, туку неколку болни редови кои ја отсликуваат неговата тага. Тој не чувствува ниту желба за пиење, ниту за пеење, а годините денес се небитни.

„Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината“, напиша Пере. Со овие зборови ја опиша ужасната сцена од Кочани, каде музиката беше проткаена со трагедија. Тој ги спореди загинатите со ноти кои никогаш не добиваат рефрен, симболизирајќи ја прекинатата младост и неостварените соништа.

РОДЕНДЕН

„Денес ми е роденден.
Се сеќавам.

Не те славам.

Ова не е објава,
туку белег со неколку реда
што ме болат.

Не ми се пие и пее,
не ми се брои
години.

Децата изгореа во песната,
музичарите паднаа на бината.

Како ноти што никогаш
не добиваат рефрен.

Некои си отидоа
пеејќи.

Други со рацете на жиците.
Сцената ги прегрна
мајка како што не пушта и
кога знае дека губи.

Денес ми е роденден.
но нема што да посакувам.

Освен да го вратат времето
или барем
да престане да пече“.

Никола Перевски

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Миа Костова: Обезбедувањето во „Пулс“ не е виновно, вината е кај газдите

Сопругата на Андреј од „ДНК“: „Нашата Јана има ангелски глас, уште поубав од неговиот“