Директорот на едно јавно претпријатие ги постројува сите вработени и им вели:
– Сите со средно училиште да застанат лево, а сите со факултет да застанат десно.
Сите убаво се поместуваат освен еден работник, кој ја крева раката и прашува:
– Директоре, а каде јас да застанам, јас имам само основно училиште.
– Ти застани овде покрај мене! – му вели директорот.