ОВЕН
Денот започнува со непланирани ситуации кои ќе ви го одвлечат вниманието од редовните обврски. Сепак, атмосферата на работа ќе биде пријатна, а задачите ќе ги завршувате брзо. И вашата сакана личност ќе биде во добро расположение, што ќе го направи денот уште попријатен.
БИК
Предлогот што ќе го изнесете може да не добие поддршка од колегите. Потрудете се да соработувате со некој кој има слична енергија и начин на размислување како вас. Можно е да добиете порака или повик од личност која ви е симпатична.
БЛИЗНАЦИ
И покрај кратките рокови и тешкотиите, успешно ќе ги испланирате средбите со важни деловни личности. Разговорите ќе ве задоволат, а ќе бидете среќни што ќе можете да ја споделите радоста со некој близок.
РАК
Ќе добиете интересни деловни информации од машка личност, кои ќе ви помогнат да се поставите поинаку кон еден соработник. Млад колега на работа ќе покаже изненадувачки интерес за вас.
ЛАВ
И покрај големиот обем на работа со кратки рокови, ќе успеете да го завршите сè на време. Задоволни сте од моменталните случувања на работа. Повикот за излегување ќе го одбиете, бидејќи повеќе сакате да се посветите на себеси.
ДЕВИЦА
Склони сте да ги одложувате работите што не одговараат на вашето моментално расположение. Недостатокот на концентрација може да ви пречи при извршување на посложени задачи, додека мислите ќе ви одат кон ново запознаена личност.
ВАГА
Разговор со личност која ве мотивира ќе ви донесе позитивна енергија. Ова ќе ве направи продуктивни и подготвени да ги надминете ситните недоразбирања со партнерот од претходните денови.
ШКОРПИЈА
Денес ќе имате можност да ги покажете своите вештини и ќе бидете задоволни што сте привлекле внимание. Ќе уживате во чувството дека ве забележуваат и ќе сакате да се посветите на некој што ви е драг.
СТРЕЛЕЦ
Иако ви годи поддршката од околината, свесни сте дека тоа не е доволно за да ги реализирате вашите намери. Неочекувани ситуации може да го попречат вашиот план за средба со партнерот, што може да предизвика лутина кај другата страна.
ЈАРЕЦ
Разбирате дека е потребно да го промените однесувањето кон некој соработник, но се двоумите да бидете директни, надевајќи се дека сигналите ќе бидат доволни. Денес сте склони да анализирате секој збор на партнерот.
ВОДОЛИЈА
Горди сте на работата што сте ја завршиле и тоа нема да го криете. Оние кои ве поддржуваат ќе го сфатат вашето задоволство на вистински начин, додека завидливите ќе реагираат со остри коментари. Размислувате за некој кој е далеку од вас.
РИБИ
Склони сте да игнорирате совети и мислите дека знаете најдобро што правите. Сакате да се сретнете со некој кој одамна не сте го виделе, но личноста одбива повици. Почекајте поволен момент за нова обид.