во

ДНК го снимија спотот за новата песна „Чаршија“ во автентичниот амбиент на скопската чаршија

Популарното дуо ДНК ја претстави својата нова песна „Чаршија“, во која како гости се појавуваат познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и перкусионистот Бока Конга. Песната, која го задржува препознатливиот стил на нивните хитови „Ако утре ме нема“ и „Животе брате“, ветува дека ќе стане уште еден омилен хит кај македонската публика.

Купи Маица

„Успеавме повторно да создадеме нешто што ја освои публиката,“ велат членовите на ДНК, Панчо и Андреј, кои соработуваа и со режисерот Огнен Шапковски и директорот на фотографија Кристијан Теодоров за визуелното реализирање на песната.

Во спотот снимен во шармантната турска чаршија во Скопје се појавуваат и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, како и диџеите Irie Scratch и Nasty, кои го збогатуваат амбиентот со својот препознатлив стил.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Осум здравствени придобивки од пивото – новите студии потврдуваат

Прекинување на струја остави ролеркостер во Колумбија заглавен на 20 метри – посетителите евакуирани