Доаѓа Рамбо во болница да ги провери сперматозоидите. Му дале шишенце и списание, а тој се побунил:
– Дајте ми тегла, ова е малку за мене!
Му дале тегла и тој оди во купатило и потоа се слуша од купатилото:
– Аааааауууууууу… Излегува и ја прашува докторката да му даде една крпа. Му дале крпа и повторно се слуша од купатилото:
– Аааааауууууууу… Повторно излегува и бара да му ја наквасат крпата. Му ја наквасиле крпата и тој се враќа повторно во купатилото, од каде повторно се слуша:
– Ааааааауууууууу…
Конечно излегува Рамбо од купатилото и повикува:
– Па може ли некој да ми ја отвори оваа тегла!