во ,

Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот…

Реклама

Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.

Професорот надмено вели:

– Птиците и свињите не седат заедно.

– Во ред, тогаш јас ќе одлетам – се преместил студентот.

Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.

Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:

– Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?

– Со парите, професоре.

– Јас, пак, би го зел паметот – остро рекол професорот.

– На кого што му фали, тоа ќе си земе – му одговорил студентот.

– Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.

– Но, добро е што барем си признавате – одговорил студентот полн со разбирање.


Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.

Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:

– Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полицаец запира некоја госпоѓа што возела бргу…

Јас тебе четврт пат ти викам дека нешто ти течи од камионот…