Добрата вила му рекла на еден брачен пар:
– Бидејќи 35 години имавте примерен брак, ќе ви исполнам по една желба!
– Сакам патување околу светот со мојот драг маж!, рекла жената.
Вилата замавнала со волшебното стапче и во рацете на жената се појавиле две карти за патување околу светот.
Дошол редот на мажот, кој после долго размислување побарал:
– Сакам да имам жена помлада 30 години од мене!
Вилата замавнала со волшебното стапче и одеднаш мажот го претворила во старец од 90 години!
ПОУКА: Мажите можеби се злобни на свој начин, но добрите вили сепак се – жени!