во ,

ДОБРА ВЕСТ: Дарко Стојанов, првиот пациент од Кочани лекуван во странство, се врати во Македонија

Дарко Стојанов, првиот од пациентите кои беа испратени на лекување во странство по несреќата во Кочани, пристигна во земјата, каде што беше срдечно пречекан од министрите за здравство, Арбен Таравари, и за надворешни работи, Тимчо Муцунски, соопштија официјални извори.

Веднаш по пристигнувањето, Стојанов беше подложен на преглед од страна на конзилиум лекари во Клиниката за Токсикологија, каде што според медицинските протоколи ќе остане на најмалку 24-часовна опсервација за да се следи неговата здравствена состојба по враќањето.

Кризниот штаб при Министерството за здравство, формиран веднаш по трагедијата во Кочани, предвидува дека секој пациент кој се враќа од лекување во странство ќе помине најмалку 24 часа на опсервација во една од клиниките во земјата, како мерка на претпазливост и за следење на нивното закрепнување.

„Од вкупно 115 пациенти кои се лекуваат надвор од нашата држава, денеска се врати првиот пациент, кој конкретно доаѓа од Белград. Тој ќе биде сместен во Клиниката за токсикологија, по што нашите лекари и конзилиумот ќе одлучат за неговиот понатамошен третман, односно дали ќе биде препратен на друга клиника, ќе продолжи со лекувањето тука или ќе биде пуштен на домашно лекување. Во следните денови очекуваме враќање и на други пациенти, и наша желба е сите 115 да ни се вратат живи и здрави во Македонија и да го продолжат својот нормален живот“, изјави министерот Таравари.

Министерот Таравари исто така додаде дека во текот на оваа недела се очекува во земјата да се вратат помеѓу осум и десет пациенти кои се на лекување во странски медицински центри.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, информираше дека општиот клинички статус на пациентот кој се врати од Белград е значително подобрен и дека тој ќе биде под опсервација во клиниката во период од неколку часа, најверојатно до утре.

„Во моментов се спроведуваат одредени клинички испитувања, пациентот е прегледан и е во сосема добра состојба, со стабилни клинички параметри. Ќе направиме дополнителни испитувања за да бидеме сигурни дека можеме да го отпуштиме на домашно лекување кај неговото семејство“, нагласи директорот Чибишев.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕВЕРОЈАТНА сличност: Турската актерка е ИСТА како Анџелина Џоли!

Наум Петрески во Солзи: Венчавката на ќерката засенета од смртта на пријателот Андреј