во ,

ДОГОВОРЕН НОВ СОСТАНОК МЕЃУ УКРАИНА И АМЕРИКА! По ШОКАНТНИОТ разговор во Белата куќа, се огласи главниот помошник на Зеленски: Ги подготвуваме СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ!

Дали се смируваат страстите или се подготвува НЕШТО ГОЛЕМО?

– Разговаравме за следните чекори кон праведен и траен мир – наведе Јермак во соопштението.

Реклама

– Разменивме и мислења за безбедносните прашања и усогласување на ставовите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и Соединетите Држави. Закажавме состанок на нашите тимови во блиска иднина за да ја продолжиме оваа важна работа – додаде тој.

Се огласи и Зеленски

– Киев очекува позитивни вести од САД од следната недела – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека е постигнат „позитивен напредок“ во соработката со Вашингтон и дека очекува резултати следната недела – вклучително и иден состанок на двете страни.

АФП пренесува дека Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите на ЕУ утре на самитот во Брисел, кој има за цел да ја зацврсти поддршката на блокот за Украина.

– Претседателот Зеленски лично ќе присуствува на самитот – изјави официјален претставник на ЕУ во пресрет на самитот кој ги собра сите 27 лидери првпат откако судирот на Зеленски во Белата куќа со Доналд Трамп ја намали поддршката на САД за Украина.

Да потсетиме, Зеленски вчера призна дека жали за расправијата со Доналд Трамп и Џеј Ди Венс во Овалниот кабинет и нагласи дека сака со поддршка од САД да оди напред кон мирно завршување на конфликтот.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЖЕНИТЕ ПОЛУДЕА ПО НЕГО! Осамнаа 20 ПРОВОКАТИВНИ ВИДЕА од најубавиот УБИЕЦ: Тој е ГЛАВНА ЅВЕЗДА, партнерките во ПАНИКА, а тој УЖИВА ВО СЛАВАТА! 😈

ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ ВО КЛИНЧ! НАТО стравува – ние сме следна мета на ПУТИН