во ,

Додека ураганот беснееше, во двор им пристигна „ненајавен гостин“…

Катастрофални поплави, уништени куќи и стотици илјади домаќинства без електрична енергија не се единствените опасности кои ги донесе ураганот „Сали“ во американските сојузни држави Флорида и Алабама.

Тина Ламбер Бенет која живее во Голф Шор, еден од најпогодените региони во Алабама, остана шокирана откако погледна низ прозорот на својот дом. Таа во дворот забележа огромен алигатор кој очигледно пристигнал со надојдената вода.

„Бев да ја прегледам штетата на нашиот имот како и на пристаништето на соседите. Случајно погледнав доле и го видов овој џин во нашиот двор“, изјави Бенет за „СиЕнЕн“.

Како што вели, алигаторите биле вообичаена појава во тој регион, меѓутоа алигаторот кој што пристигнал пред нејзината куќна врата бил долг 4 метри.

„Свесни сме дека ги има во ова подрачје, исто како и многуте отровни змии, така да знаеме да не излегуваме надвор кога се поплавени улиците. Бев фрапирана од големината на овој алигатор“, изјави Бенет.

Таа за американските медиуми раскажа дека во првиот налет, ураганот „Сали“ донел силни ветрови кои корнеле се пред себе, а потоа пристигнале обилните дождови и поплавите кои со себе донеле и опасни животни.

https://twitter.com/gingerandthesea/status/1305643287936675845?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1305643287936675845%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F353819%2Fdodeka-uraganot-besneese-vo-dvor-im-pristigna-nenajaven-gostin

„Синоќа ураганот не удри од копно, ни однесе дел од покривот и предизвика прилично голема штета. Потоа, утринава удри од страната на заливот и плимата се спои со поплавите, по што се излеаа и каналите и мочуриштата. Дворот ни е потопен, а змиите и алигаторите започнаа да бараат засолниште и храна“, раскажува Бенет.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

47 Фотомонтажи во кои овој креативен дечко вметнува Дизни ликови во своите фотографии, а резултатот ќе ве насмее

Турција успешно го тестираше првиот летечки автомобил “Cezeri”